Loading Video...
Балкан
25. July 2018 - 16:28

Расте бројот на жртви во Грција

Бројот на жртви во катастрофалните пожари во  грчката област Атака надмина  8о.  Над 200 се повредени од кои 23 деца. За исчезнати пак се пријавени 30 лица.  Пожарникари и спасувачи на грчкиот Црвен крст ги проверуваат изгорените куќите и објектите што беа зафатени од пламените јазици во областа Атака  дали можеби има и други жртви или прежиевани.

-   До сега најдовме 30 тела  на починати со изгореници, изјави спасител од Црвениот Крст..

Специјалната нуркачка единица на грчката војска пак спорведува акција во морскиот дел.  Оние пак кои успеаја да се спасат се враќаат во опожарените домови.

- Катастрофа сум. Цел живот работа, цел живот спомени се уништени. Се снема , вели преживеана жителка на Мати

Популарното туристичко место Мати кое се најде на директен удар на огнената стихија  е целосно уништено. Пеполосани куки, објекти, авотмобили, земјиште...

-  Ова е шок. Немам зборови да опишам, вели друг жител на Мати. 

Истрагата треба да ги открие причините за  15 есетте   пожари  кои според противпожарната служба во понеделникот се разгореле истровремено  на три различни  локаци во Атака а ветерот придонел тие да се прошират со молскваична брзина. Голем дел од огновите се  ставени под контрола. Се шпекулира дека се   подметнати.  Според грчкиот митрополит Амвросие  Грција е уништена од оган , бидејки Атеистистичкиот прмеиер ципрас го навлекол  Божјуот грев.

Кој, се прашувам, е одговорен за оддалечување на модерниот Грк од Божјиот пат? Кој? Атеистичкиот премиер, г-дин Алексиос Ципрас и неговите соработници: еве ги нивните достигнувања. Тие  .се причината зошто не погоди голема катастрофа  порача митрополитот во текст на својот блог, кој веднаш беше ренесен од грчките медиуми.