Бизнис
13. May 2016 - 16:56

Расте бројот на заболени од чвореста кожа

Расте бројот на заболени говеда од болеста  јазлеста кожа. Надлежните информираат дека до денес афектирани се околу 580 говеда. Заболените животни се во претходно утврдените 13 жаришта во Источна Македонија. Вакцините како што бееше најавено во изминатиот период, се очекува да пристигнат до крајот на месецов по што ќе почне вакцинацијата на сите грла во државата.

- Од компанијата производител беа дадени цврсти гаранции дека вакцините треба да стигнат кон крајот на овој месец. Веднаш ќе почнеме со вакцинација со оглед дека имаме изготвено акциски план, подвлече Поповски. 

Поповски посочи дека е решен проблемот со сточарите од зафатените подрачја кои се пожалија дека млекарниците не им го земаат млекото и покрај тоа што тие немаат заболени животни во своите стада. Апелираше оние кои имаат проблеми да се обратат до ветеринарните друштва и Агенцијата.

Македонија е прва земја во регионот  која ќе спроведе целосна вакцинација против болеста јазлеста кожа. Со  вакцините кои се очекува да пристигнат ќе се вакцинираат вкупно 225 000 грла. Во земјава болеста се појави на 18ти минатиот месец откако претходно беше регистрирана  во Турција, Грција и Бугарија.