Македонија
24. November 2018 - 17:20

Расте бројот на сообраќајни несреќи во Битола

Расте бројот на сообраќајни незгоди во Битола. Во првите седум месеци на ниво на Општина Битола се случиле 176 собраќајни незгоди од кои три завршиле со смртен случај. Кои се најчестите причини за сообраќајните незгоди?

- Најчестата причина за несреќите е големите брзини, конзумирањето на алкохол, непочитувањето на прописите. Светската здравствена организација кажува дека втора од причините за смртност се токму сообрајните несреќи на учениците од 10 до 14 и на младите од 20 до 24 години, рече ЈАСМИНА ТАЛЕВСКА, ПРЕТСЕДАТЕЛ НА СОВЕТОТ ЗА БЕЗБЕДНОСТ ВО СООБРАЌАЈОТ ВО ОПШТИНА БИТОЛА.

Од Комисијата за безбедност бараат имплементирање итни мерки.

- Според извештајот од СВР Битола како најчести причини за сообраќајни несреќи во населните места се слабата вертикална и хоризонтална сигнализација. Во соработка со Општинскиот совет за безбедност во сообраќајот и Комисијата за безбедност и други лица беа изготвени 100 мерки за безбедност во сообраќајот, но од мнозинството во Советот беа отфрлени, рече ИВАНЧО ТОШЕВСКИ, ПРЕТСЕДАТЕЛ НА КОМИСИЈАТА ЗА БЕЗБЕДНОСТ ВО СООБРАЌАЈОТ ПРИ СОВЕТОТ НА ОПШТИНА БИТОЛА.

За безбедноста во сообраќајот помагаат и учениците од училишната сообраќајна единица од средното училиште „Таки Даскало“, која постои 30 години.

- Често пати одат на пешачки премини и раскрсници каде им, помагаат на малите деца заедно со патриола од СВР Битола за правилата и прописите да ги научат, бидејќи правилата и прописите секојдневно се зголемуваат и мора да се следат, рече ГОРДАНА КОЖУВАРОВСКА, ПРОФЕСОР ВО СОУ „ТАКИ ДАСКАЛО“ БИТОЛА.

Се планира формирање на три нови училишни сообраќајни единици во основните училишта.