Расте бројот на пациенти со хронична бубрежна болест
Бројот на пациенти со хронична бубрежна болест се зголемува. Се смета дека секој десетти возрасен жител во светски рамки има одреден степен на бубрежна слабост, а секој трети е во ризик да развие бубрежна слабост. Ова беше истакнато на прес-конференцијата во Министерството за здравство по повод 14 март, Светски ден на бубрегот, кој се одбележува под мотото „Здрави бубрези за сите насекаде“.
Целта на кампањата по повод Светскиот ден на бубрегот е да се подигне свеста за постоењето на бубрежните заболувања, да се укаже на можноста за нивна рана детекција и дека најчестите причини за нивна појава се артериската хипетензија, дијабетесот, дебелината и невролошките заболувања.
Директорката на Клиниката за нефрологија, Ирена Бушлетиќ на прес-конференцијата рече дека бубрежните заболувања може да рано да се детектираат во примарната и секундарната здравствена заштита и дека постојат многу едноставни тестови кои ги покрива ФЗОМ. Посочи дека бубрежните болести може да се превенираат, забават и да се запрат. Додаде дека во рамки на кампањата се потенцира дека пациентите со хронична бубрежна болест може да учествуваат во општествените текови и да работат.
Националниот координатор за трансплантација Маја Мојсова рече дека од крајот на ноември до средината на февруари се извршени шест трансплатантации на бубрег од кадавер (починат донор) и 20 трансплантации од жив донор. Им се заблагодари на семејствата кои одговориле позитивно и што успеале да најдат органи за шесте пациенти кои биле во краен стадиум на бубрежна болест.
– Во развиените земји има до 20 донори. Би било убаво кога би имале пет до десет донори на милион жители. Ако ја достигнеме таа бројка за 2019 година би биле повеќе од задоволни, како и кога би можеле да обезбедиме и други органи, додаде Мојсова.
Додаде дека по 40-тата година од животот се губи еден до два милилитри од функцијата на бубрегот во текот на една година, што значи, како што појасни, не е исто дали зголемен креатинин ќе има еден човек на возраст од 30 до 40 години и еден човек на 70-годишна возраст.
Д-р Александар Поповски од Заводот за нефрологија во Струга рече дека опслужуваат над 200.000 жители од југозападниот регион.
– Во Европа oколу 45 отсто од населението на возраст над 50 години има зголемен крвен притисок. Во однос на дијабетесот според светските и македонските искуства 25 до 28 пациенти кои почнале прва дијализа имале диабетес тип 2. Во државава секој трето дете во училиштата има зголемена телесна тежина. Неопходна е рано откривање на заболувањата и менување на начинот на живот, едукација на пациентите и персоналот во однос на компликациите од хипертензија и дијабетес, каква што прават и во Заводот, додаде Поповски.
Ново на Сител
-
Трет обид за ликвидација на Раде Трајковски Штекли - Фрлена бомба во двор на неговата куќа
-
Собранието ја стартува расправата за буџетот, поднесени над 300 амандмани
-
Таравари до Ахмети: Наместо избори, работете на реформи во партијата и адаптација во опозицијата
-
Утре стартува јавната дебата за реформи во судството
-
Само 12% од компаниите имаат вработени ит експерти, Македонија зад европскиот просек
-
Социјално ранливите се борат со глад
-
Преглед на вестите од светот
-
Минималец од 450 евра сега, во март ќе бараме повеќе