Бизнис
22. March 2021 - 21:16

Растат цените на храната за време на пандемијата

Во време на пандемијата цените на речиси сите производи отидоа нагоре. Граѓаните се жалат ако со 500 денари порано можеле да наполнат една торба, сега не можат да купат ништо. Велат дека е премногу скапо, а поради пандемијата многумина се со пониски плати, а некој и без работа.

Аналитичарите сметаат дека во земјава има видлива инфлација но и скриена. Затоа што кај некој производи освен што се цените покачени намалена е количината.

Според статистика за една година храната поскапела за 2 проценти Тоа се забележува кај лебот, овошјето, зеленчукот, а најмногу кај маслото чија цена порасна дури за 14 отсто. На едно четиричлено семејство во месецот му се потребни над 33 илјади денари за да ги покрие само основните трошоци.