Македонија
30. May 2016 - 19:42

Раст на индустријата за 8,7 отсто во првите 4 месеци годината

Раст на индустријата за 8,7 отсто евидентира заводот за статистика во првите 4 месеци годинава во однос на истиот период лани. Во април пак, растот е за 3,6 отсто поголем споредено со април 2015.

Растот  најмногу се должи на позитивниот тренд во преработувачката индустрија. Порастот  во овој сектор е поради зголеменото производство на прехранбени производи, пијалоци и  облека а не заостанува и уделот на машини и уреди, моторни возила и електрична опрема . Додека опаѓање има во секторите  рударство и снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација.

- Производството на вода е зголемено за 25 отсто, а на сокови за четири проценти, покажува статистиката за минатата година во однос на 2014-та.

Гледано по индустриски групи доминантен е растот кај капиталните производи и тоа за 36,5 отсто, додека опаѓање има кај енергијата и трајните производи за широка потрошувачка.

Домашните политички случувања и понатаму остануваат  ризик кој може да влијае на индустриското производство. НБМ месецов излезе со две сценарија за економијата. Со основното политичката криза брзо ќе заврши и БДП ќе бележи раст од 3,5 отсто. А во алтернативното кризата ќе потрае до крајот на годината  и економијата ќе порасне само за 1,6 %.