Раст на БДП во третиот квартал од 2,4 отсто
Македонската економија во третиот квартал забележа раст од 2,4 отсто, објави Државниот завод за статистика.
Според објавените податоци во третото тримесечје од 2016, најголем пораст е забележан во секторите Стручни, научни и технички
дејности, Административни и помошни услужни дејности од 10,9 отсто, Градежништвото од 10,3 отсто и Информации и комуникации од 5,6 отсто.
Финалната потрошувачка на домаќинствата, вклучувајќи ги непрофитните институции кои им служат на домаќинствата, во третото тримесечје од 2016 година, номинално расте за 5,3 отсто, а нејзиното учество во структурата на БДП изнесува 64,1 отсто.
Податоците на Државниот завод за статистика покажуваат дека извозот на стоки и на услуги номинално се зголеми за 13,3 отсто, а увозот на стоки и на услуги забележа зголемување во номинален износ од 11,1 отсто.
Ново на Сител
-
За изборите на 8 мај акредитирани 1078 домашни и 770 странски набљудувачи
-
Киднапиран, избоден и претепан скопјанец – Еден од напаѓачите негов колега
-
ЦУК: Пронајден е изгубен планинар на Плачковица
-
Земјотрес регистиран во Скопје
-
Велика Сабота - денот меѓу смртта и воскресението
-
Одбележување 121 година од смртта на Гоце Делчев
-
Посебен сообраќаен режим денеска во Скопје
-
Русија тврди дека Украина го нападнала Крим со американски ракети