Бизнис
15. December 2015 - 16:26

Раст на БДП - Двојно е зголемен од 2005 година до оваа 2015 година

Речиси двојно зголемување на БДП од 2005 година наваму. Во 2005 изнесувал 308,4 милијарди денари а лани достигнува 525,6 милијарди денари. Додека БДП по жител  што претставува основен индикатор за степенот на развој на економијата е зголемен за цели 78,3 % односно од  3.072 долари во 2005 на 5.477 во 2014.

Највисока стапка на раст на БДП на годишно ниво  од 6,5 отсто е остварена во 2007 година.

Вчера статистика објави раст на економијата за 3,5 отсто во третиот квартал, што покажува дека владината проекција за раст на БДП ќе се оствари. Со ова Македонија во споредба со 28 земји членки на ЕУ ќе оствари втор најдобар раст на економијата.

Најголем пораст е забележан во градежништвото од речиси 30 отсто по што следат услужните дејности и индустријата. Економските анлитичари сметаат  дека најголем удел во растот на БДП имаат бруто инвестициите,  кои од 20 % од БДП во 2006 , се зголемиле на 30 отсто од БДП лани. Во нив  влегуваат капиталните проекти, автопатите, новите објекти во  образованието и здравството како и фабриките на странските и домашните инвеститори во земјава. Проекциите на државт се дека до крајот на годинат економијат ќе го задржи растот од 3,5 отсто, додека НБРМ очекува ревидиранат стапка на раст да изнесува 3,2 %.

Инаку економскиот раст кој македонската економија го остварува неколку години по ред ја намали и невработеноста.Според последните податоци што ги објави статистика, невработеноста е на историски најниско ниво и изнесува 25,5 отсто.