Loading Video...
Бизнис
21. November 2015 - 17:03

Распределени 1.468 ЦЕМТ дозволи за 2016. година

Електронски распределени над 1460 ЦЕМТ дозволи  за меѓународен транспорт, со кои камионџиите ќе превезуваат стока низ Европа догодина.

Од нив, 1000 се однесуваат за возила со Еуро 5 стандард,  и 468 за ЕУРО 6 стандард.

Министерот за транспорт Мисајловски истакна дека постојано се работи на дополнување на квотите а годинава во споредба со лани се доделени 44 дозволи повеќе.

Транспортерите задоволни од електронската распределба. Велат дека однапред самите можеле да си ги пресметаат бодовите и во зависност од сработеното да знаат дали ќе ја добијат меѓународната дозвола.

Од Макамтранс информираа дека и годинава најтешко е да се добијат дозволите за превоз на стока низ Австрија и Грција.

Со дозволите транспортерите ќе можат да превезуваат на територијата на 43 европски држави.