Бизнис
23. November 2022 - 16:34

Расправа за Буџетот - надуен балон или реален план?

Со новиот предлог буџет државата ќе се справува со последиците од енергетската и инфлациска криза, ќе продолжи фискалното закрепнување за да се обезбеди одржлив економски раст, вака министерот за финансии ја правдаше сумата од 5, 3 милјарди евра  кои Владата планира да ги потроши следната година. Бесими вели меѓу приоритетите е и поддршка за реформи во правосудството и евро атланските интеграции. Во државната каса очекува да соберат 4,6 милјарди евра, што значи ќе недостасуваат 700 милиони евра како и 800 за враќање на старите долгови.

За опозицијата вака скроениот буџет е нереален, гломазен, инфлаторен кој ќе доведе до уште подлабока сиромаштија. Приходите се темелат на повисоки данови за кои власта на еден месец пред воведување се уште крие кои и колку ќе се зголемат даноците.

Со предложениот буџет се очекува растот на економијата да достигне 2,9%, инфлацијата да изнесува 7%, повисоки плати во администрацијата со зголемувањето на минималната плата која се планира од март догодина. Инаку за овој предлог буџет се поднесени 263 амандмани од сите политички партии од кои 200 се од ВМРО-ДПМНЕ. Комисиската расправа треба да заврши за 10 дена по што буџетот повторно се враќа на усогласување во Владата.