Расправа во Германија за воведување флексибилно работно време
Во Германија во тек е расправа за воведување на флексибилно работно време и промена на законите за работни односи, кои би биле посоодветни за современата работна средина.
- Флексибилното работно време е важно со цел германските компании да останат конкурентни на глобален план, изјави претседател на Експертскиот совет за проценка на економските услови, Криштоф Шмит за весникот „Велт ам Зонтаг“.
Тој посочи дека германското трудово право досега се докажало во пракса, но дека тоа повеќе не е адекватно за „дигиталното работно опкружување“. - Предрасудата дека работното време започнува наутро со доаѓање во канцеларија и завршува со нејзино напуштање е застарена, вели тој.
- Претпријатијата треба да има правна сигурност и да не го прекршуваат законот кога вработените навечер учествуваат на една телефонска конференција или наутро со појадок ја проверуваат службената електронска пошта. Тоа ќе им даде поголема слобода не само на работодавачите, туку и на вработените, вели Шмит.
Флексибилното работно време е тема на преговорите за формирање на коалициската влада на демохристијаните, либералите и зелените, кои се во тек.
Либералната Слободна демократската партија (ФДП) денеска излезе со барање за пофлексибилен однос кон работното време.
- Законот за работни односи повеќе не е во согласност со времето во кое живееме и мора да станеме пофлексибилни, изјави претставникот на ФДП, Михаел Тојрер.
Тој најави дека како еден од условите за учество во владата, неговата партија ќе бара адаптација на германското трудово право кон упатствата на ЕУ, кои, наместо осумчасовниот работен ден, предвидуваат само работна недела од 48 часа, која би можела да се прилагоди на потребите на работодавачот.
- Тоа значи повеќе слобода и повеќе шанси, рече тој.
Германските синдикати остро се спротивставија на плановите за воведување на флексибилно работно време, стравувајќи дека ова би можело да изврши дополнителен притисок врз работниците и да значи повеќе прекувремени работни часови.
- Законот за работни односи и договорот меѓу работодавачите и синдикатите и сега овозможуваат флексибилност, вели претседателот на германскиот федерален синдикат ДГБ, Рајнер Хофман, додавајќи дека вработените во Германија минатата година работеле над 1,8 милиони прекувремени часови, од кои половината не биле платени.
Ново на Сител
-
Демири: Ако Клиниката за токсикологија не била осигурена, менаџментот треба да преземе одговорност
-
До 30 април на полноќ пријавување на болните и изнемоштените за гласање на изборите на 8 мај
-
Гевгеличанка лажела дека е царински застапник и измамила Грк за 2.000 евра
-
Тошковски: Поддршка до специјалните единици бидејќи тие се првиот столб на заштитата на безбедноста и суверенитетот на државата
-
Пет клучни донатори вложија повеќе од 50 милиони долари во претседателската кампања на Трамп
-
Штипскиот Економски факултет го одбележа денот на македонскиот денар
-
Националното биро за осигурување: Цената на авто осигурувањето е непроменета од 2008 година, реално е покачувањето
-
Се одржа Меѓународниот натпревар за сирени во Шангај | ВИДЕО