Бизнис
5. November 2015 - 19:34

Распишан оглас за вработување лица од социјален ризик

Владата финансира вработувања на лица во социјален ризик. На оглас ги повика работодавачите да вработат социјално загрозени лица евидентирани како невработени за што државата ќе ги покрие бруто платите за истите во рок од шест месеци. Обврската на компаниите е да ги задржат овие работници уште шест месеци на работа.

Шест месечната субвенција на бруто платата се нуди за широка категорија на  невработени и социјално загрозени луѓе, како што се корисници на социјална помош,лица кои до 8 години имале статус на деца без родители, лица кои користеле паричен надоместок за средно образование, за членови на семејства кои користат постојана парична помош и детски додаток, за жртви на семејно насилство, млади до 29 години од семејства со ниски приходи.

При тоа за вработување лица кои немаат квалификации месечната субвенција е брут плата од 14,900 денари, а за лица со повисок степен на образование 17.000. Во првите шест месеци на работодавачот му се исплаќаат и по 5000 денари од вработен преку мерката со цел да се покријат трошоците за обука и материјали.