Распишан оглас за продажба на 13 парцели во Штип

Општина Штип распиша оглас за продажба на 13 градежни парцели. Лазар Хаџи Николов од Одделението за урбанизам во Општина Штип рече дека во дневните весници „Вечер“ и „Нова Македонија“ денеска е објавен оглас за отуѓување на градежно земјиште сопственост на Република Македонија, а ќе се врши по пат на електронско јавно наддавање.
- Осум парцели се наменети за изградба на згради, две за деловни објекти, една за бензинска пумпа и две за лесна и незагадувачка индустрија. Парцелите за седум згради се во населба Сењак 4 и една во Пребег, деловните објекти се на локација Стари-бунари, локацијата за бензинската пумпа е на магистрален пат М6 близу село Драгоево, додека парцелите за лесна и незагадувачка индустрија се на локација во Пребег и место викано Дузмеш, кај село Суво Грло, рече Хаџи Николов.
Тој истакна дека почетната цена на наддавањето се движи од 61 до 2.300 денари. Пријавите за учество на јавното наддавање можат да се достават до 8 август 2017 година на интернет адресата: www.gradezno-
Ново на Сител
-

Филипче: Прославата е платена со народни пари
-

Преглед на вестите од светот
-

Тема на денот со Зоран Јовановски, економист
-

Перпарим Бајрами се предаде на полицијата по речиси две години бегство
-

Истражување - Македонските ученици се полуписмени
-

Мицкоски: Сите настани за независноста ги чинеа граѓаните нула денари
-

Мицкоски и СДСМ во нова политичка препирка по пораката за „талогот“
-

Нафтата надмина 100 долари за барел - премиерот најави мерки, ако поскапувањето на горивата продолжи
