-->
-->
Распишан конкурсот за фестивалот „ИН Виница веритас“
-->
Домот на културата „Тошо Арсов“ и Советот на фестивалот „Ин Виница веритас“ од Виница денеска го објавија меѓународниот конкурс за карикатура за годинешното издание на фестивалот.
Тема на конкурсот е „На пуст остров“ и може да конкурираат автори карикатуристи од целиот свет.
- Темата на годинешниот меѓународен фестивал „Ин Виница веритас“ е универзална и веруваме дека ќе се јават голем број учесници кои до фестивалот можат да учествуваат најмногу со по три карикатури. Крајниот рок за доставување на творбите е 22 септември оваа година, по што жири комисијата ќе ги одбере најдобрите, истакна Славко Данев, директор на Домот на културата од Виница.
Данев истакна дека наградите на најдобрите се во вредност од 300 евра за првата награда, 200 евра за втората и 100 евра за трето наградената творба.
Годинешниот меѓународен фестивал на хумор и сатира „Ин Виница веритас“ ќе се одржи од 3 до 7 октомври оваа година во Виница. Финансиски фетсивалот го помогнаа Министерството за култура и општина Виница.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Пекинг: САД бараат разговори со Кина за царините на Трамп
-
Сончево и топло, попладне пороен дожд
-
Скопјанец силувал 15-годишен штитеник од установа за згрижување деца
-
„Пики блајндерс“ ќе добие и филм и нови епизоди
-
На граничните премини Табановце, Богородица и Дојран се чека до еден час
-
Англија ќе им забрани на трансродовите лица да учествуваат во женскиот фудбал
-
Опожарена барака на улица „Самоилова“ во Скопје
-
Нов повик за субвенциониран студентски оброк, проширен е опсегот на мерката