Распишан Конкурс за запишување питомци на Воената академија

Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“ Скопје го распиша новиот Конкурс за запишување студенти/питомци за потребите на Министерството за одбрана и Армијата на Република Македонија и студенти за насока кризен менаџмент, заштита и спасување прв циклус на студии за студиската 2016/2017 година.
Термините за поднесување на документите во првиот уписен рок се на 27, 28 и 29 јуни 2016 година од 08,30 - 16,30 часот на Воената академија. Документите од државната матура и свидетелствата за завршена четврта година средно образование може да се поднесат дополнително до крајот на јули оваа година.
Од Академијата ги повикуваат заинтересираните кандидати кои ги исполнуваат условите од Конкурсот да се пријават. Посочуваат дека процесот на избор е транспарентен и базиран на дефинирани критериуми и прикажани квалитети и резултати на пријавените кандидати.
Ново на Сител
-

ССМ со првомајски протест
-

Работничките права се уште комплетно не се почитуваат, особено кај трудниците и тоа работниците да ги имаат договорите за работа
-

Преглед на вестите од светот
-

ЗНАМ не се изненадени од одлуката на Цеков да ги напушти
-

Тема на денот со Ѓорѓи Тоновски, универзитетски професор
-

Преглед на вестите од светот
-

Пратенички прашања во Собранието
-

Миле Цеков ја напушти пратеничката група на ЗНАМ, ќе делува како независен пратеник
