-->
-->
Распишан конкурс за стипендирање талентирани ученици и студенти од Крива Паланка
-->
Општина Крива Паланка го распиша годинашниoт конкурс за доделување стипендии за поддршка на талентирани среднoшколци и студенти од Крива Паланка за учебната 2016/17 година.
Висината на стипендијата изнесува 3.000 денари месечно, а ќе се исплаќа 9 месеци во годината.
Комисијата за спроведување на постапката за доделување на стипендии формирана со одлука на Советот на општина Крива Паланка ги објави условите, критериумите и правилата за доделување стипендии за подршка на млади таленти од општината.
Средношколците и студентите кои ќе аплицираат треба да се македонски државјани, жители на Крива Паланка и да се редовни ученици или студенти запишани во тековната учебна т.е. студиска година и да не повтрувале година.
Кандидатите не смеат да се корисници на кредит или стипендија од друга институција, установа или компанија, а студентите не треба да се постари од 25 години.
Учениците од средно образование треба да ги исполнуваат условите за континуиран одличен успех и освоена прва, втора или трета награда на меѓународен, државен или општински натпревар во областа соодветна на нивното образование. Студентите исто така треба да имаат постигнато висок просек и освоена прва, втора или трета награда на меѓународен, државен или општински натпревар во областа соодветна на нивното образование.
При изборот предвид се земаат и месечните примања на членовите на семејството во однос на просечно исплатена месечна нето плата по вработен во Република Македонија за последните три месеци.
Рокот за поднесување документи трае од 19 септември 2016 заклучно со 30-ти месецов. Потребните обрасци може да се набават во општина Крива Паланка или на веб-страницата на општината www.krivapalanka.gov.mk. Резултатите ќе бидат објавени во рок од осум дена од денот на завршување на конкурсот.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Руте ја назначи Шекеринска за заменик генерален секретар на НАТО
-
УНИЦЕФ: Во последните два месеца во Либан се убиени над 200 деца, а 1.100 се повредени
-
За 51% помалку пари за чист воздух во Буџетот - Мицкоски ги остава граѓаните да се гушат
-
Опозициски пратеници и советници ја блокираа зградата на судот во Нови Сад
-
Јаневска: Наредната година 30 милиони евра за студентски стандард, ќе се решат лошите услови во Студентскиот дом „Пелагонија“
-
Старец загина во пожар во неговата куќа во Желино
-
Пронајдени 3.622 монети со археолошка вредност кај 32 годишен Албанец на Табановце
-
Индијана потпиша со Мозес Браун