Распишан конкурс за Охридски трубадури
Советот на интрнционалниот музички фестивал „Охрид фест-Охридски трубадури" го распиша конкурсот за 24. издание, кое ќе се одржи во втората половина на август на кејот на Охридското езеро, пред хотелот „Нова Ривиера“.
На конкурсот можат да учестуваат сите граѓани на Македонија кои до 10 мај ќе испратат демо снимка и текст на песната со назнака за Фолк вечер, за Поп вечер или Интернационална програма.
На конкурсот за Интернационалната програма можат да учествуваат автори од Балканот и другите европски земји, со песни кои премиерно се изведени во 2017 година или се премиерни композиции.
На трите фестивалски програми ќе бидат доделени прва, втора и трета награда од публиката и жирито, како и специјалните награди за најдобар аранжман, за најдобар текст, за најдобра интерпретација, награда за најдобар дебитант, награда за најдобар сценски настап...
Авторите, своите композиции треба да ги испраќаат на e-mail адресата на фестивалот.
Ново на Сител
-
Макрон го повика Нетанјаху успешно да ги заврши преговорите со Хамас
-
Димитровска: ДКСК оформи 45 предмети поврзани со изборите
-
14-годишна малолетничка од Петровец избегала од дома
-
Малолетник пријавен за насилство врз неговата мајка и брат
-
Бројот на загинати во поплавите во Кенија се искачи на 228
-
Папата им го честиташе Велигден на православните христијани
-
Скопјанец измамен во менувачница од двајца странски државјани
-
Апсења на аеродромот во Скопје и на границата „Деве Баир“