Македонија
19. August 2015 - 12:57

Распаднат машки труп пронајден во кругот на „Железара“

Во кругот на фабриката „Железара“ вчера изутрина пронајден е непознат машки труп во фаза на распаѓање, соопшти МВР.

Увид на местото на настанот изврши екипа од СВР-Скопје и надлежен јавен обвинител и по негова наредба телото на починатиот е пренесено во Институтот за судска медицина и криминалистика за обдукција.

Се работи на утврдување на идентитетот на лицето, како и на целосно расчистување на случајот.