Балкан
19. јуни 2021 - 8:20

Распад на Југославија: Националниот доход замина кај најбогатите

Преминувањето од социјализам во капитализам во земјите од поранешна Југославија беше обележано со значително зголемување на нееднаквоста.

Сите шест републики – Словенија, Хрватска, Србија, Босна и Херцеговина, Црна Гора и Македонија имаа слични трендови.

Уделот на националниот доход што завршува кај еден процент од најбогатото население се зголеми меѓу 1989 и 2019 година во сите поранешни југословенски републики.

Словенија, Хрватска и Црна Гора имаа најизразен раст на богатството на најбогатите, со околу четири до пет процентни поени од вкупниот национален доход.

Растот беше помалку интензивен во Србија и Македонија, со раст од околу два процентни поена на националниот доход. Босна и Херцеговина беше помеѓу, со раст од околу три процентни поени.

Во исто време, делот од националниот доход кој достигнува 40 проценти од најсиромашното население се намали во сите републики.

Во Словенија, Србија и Црна Гора, падот беше околу три до четири процентни поени (пп) од вкупниот национален доход во периодот меѓу 1989 и 2019 година.

Во Босна и Херцеговина и Македонија, падот беше помал, околу 2-2,5 п.п.

Само Хрватска не забележа голем пад, учеството на 40 проценти од најсиромашните во вкупното богатство таму се намали за само 0,3 п.п.

Конечно, зголемувањето на учеството на приходите кај еден процент од населението во ова време се одрази во падот на учеството на најсиромашните 40 проценти од населението.

Учеството на приходите на преостанатите 59 проценти од населението остана во голема мерка стабилно.

Единствен исклучок беше Хрватска, каде зголемувањето на учеството на националниот доход меѓу еден процент од најбогатите дојде пред се на штета на средните 59 проценти од населението.