-->
-->
Распад на АБА лигата!?
-->

На само три дена пред одржувањето на седницата на АБА лигата во Загреб се поизвесно е дека проектот Регионална Јадранска лига ќе се распадне откако кошаркарските сојузи на Македонија и Црна Гора изразија отворена поддршка кон ФИБА и најавија дека ќе играат само во натпреварувањата организирани од страна на оваа организација.
Останатите сојузи од АБА лигата најверојатно ќе го поддржат УЛЕБ кој на АБА лигата и понуди едно место во Евролигата и три места во Еврокупот.
Црногорците побараа од ФИБА сепак да ги земе во предвед резултатите од тековните средби во АБА лигата и победникот да игра во новоформираната Лига на шампиони.
Доколку АБА лигата не потпише спогодба со УЛЕБ тогаш најверојатно ќе следи распад на Јадранската лига каде во овој момент тече плеј-офот во завршните дуели и Ц.Звезда и Мега Лекс водат со по 1-0 против Цедевита и Будуќност.
Во тој случај Евролигата ќе одбере двајца учесници со директни разговори со клубовите како и еден учесник во Еврокупот.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Филипче: Прославата е платена со народни пари
-

Преглед на вестите од светот
-

Тема на денот со Зоран Јовановски, економист
-

Перпарим Бајрами се предаде на полицијата по речиси две години бегство
-

Истражување - Македонските ученици се полуписмени
-

Мицкоски: Сите настани за независноста ги чинеа граѓаните нула денари
-

Мицкоски и СДСМ во нова политичка препирка по пораката за „талогот“
-

Нафтата надмина 100 долари за барел - премиерот најави мерки, ако поскапувањето на горивата продолжи
