Македонија
6. January 2018 - 19:04

Раскол во БЕСА – Партијата се подели на две крила

Движењето Беса се подели. Еднотот клрило, во кое се наоѓаат и тројца од петмината пратеници и 67 члена од Централниот совет на оваа партија вечерва на состанок во Скопје одлучи да го разреши претседателот Билал Касами. Друготот крило, во кое наводно го предводи Касими, истовремено во Тетово одлучи да се одржи партиски конгрес на 24 февруари.

Тетовскотот крило пак, преку соопштение објави дека е формирана комсија за организација на конгресот  која ќе биде составена од 7 членови, а до одржување на конгресот партијата ќе ја води досегашниот претседател.

На се ова вчера претходеше оставка на еден од тројцата потпретседатели Зекирија Ибрахими. Причината за потегот, како што напишал самиот на својот профил на Фејсбук, е поразот на локалните избори што тој го доживеа во општина Чаир, каде што беше кандидат.  Ибрахими во јавноста стана познат како пратеникот кој од собраниската говорница ја пееше албанската химна на 27 април. По кандидатурата за градоначланик тој се повлече од пратеничката функција.

Неизвесно е како ваквата поделба ќе се одрази во пратеничката група која сега е во опозиција и во распоредот на силите во парламентот. Првичните инфомрации се дека двете крила се против ДУИ, но едното крило е да се обнови коалицијата со Алијансата на Албанците на Села откако таа излезе од владината коалиција.

Во меѓувреме премиерот Заев во интервју за мкд.мк  вели дека се надева дека Собранието ќе почне да работи нормално, а опозциската ВМРО-ДПМНЕ ќе се врати во парламентот.

„Од средбата со новиот претседател на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, добив на знаење дека генералната тенденција е да учествуваат во Собранието. Веројатно тоа е врзано со некои одлуки што допрва треба да ги носат, поврзани со притворите за пратениците и другите лица. Тоа се нивни одлуки, но јас се надевам дека сепак ќе преовладее одговорноста кон државата. Опозицијата има одговорност, секако помала од власта, но има одговорност. Искрено се надевам дека ќе се вратат во парламентот за да работиме“, вели Заев во интервјуто.

Тој вели дека се согласиле со лидерот на ВМРО-ДПМНЕ дека неопходно учеството на опозицијата во процесот на реформите.