Расказ од Томислав Османли во црногорското списание „Плима“
Расказот „Џебовите на генералот Кондиевиќ“ на македонскиот писател Томислав Османли е објавен во електронско списание „Плима“ кое се уредува во Улцињ, Црна Гора.
Станува збор за проза во која авторот се занимава со остра иронизација на војничката решителност во услови на држава во процес на распаѓање. Расказот е саркастична фантазија за остарениот и осамен генерал Н. Кондиевиќ којшто ги преживува моментите на трагичен воен распад на државата која бил повикан да ја одбрани. Според авторот, тоа е проза за етичкиот вртлог на совеста, одговорноста, нерешителноста и самооправдувањата на раководната личност соочена со решавачките мигови на историјата.
Покрај текстот објавен во одделот „Убави духови“, електронскиот портал објавува и биографија на нашиот автор. Ова е прва соработка на Османли со црногорското списание „Плима“ кое се појавило во 1995 година, а од неодамна е обновено и развива регионална, но и поширока, европска меѓународна соработка. Списанието го уредува познатиот црногорски писател Андреј Николаидис.
Расказот „Џебовите на генералот Кондиевиќ“ пред три години го објави белградскиот алтернативен портал „КонтраПресс“. Томислав Османли овој текст го подготвува за објава на македонски јазик најверојатно во неговата следна книга.
Ново на Сител
-
Зеленски: Русија веднаш да ги прекине нападите
-
ДЗР: ЈКП „Брегалница” Делчево со 61 отсто загуба на вода, над 6,8 милиони денари обврски кон државата и општината
-
Песков: Оставката на Зеленски не е меѓу барањата на Русија
-
Артета разочаран од ремито со Кристал Палас
-
Павел: Трамп се залага за мир по секоја цена без оглед на последиците за Европа
-
Ликовни и литературни автори донираа дела за хуманитарно-продажната изложба за настраданите во Кочани
-
Средба на Сиљановска-Давкова со Кристоф Камп, висок комесар на ОБСЕ за национални малцинства
-
Гром усмрти жител во прилепско Мажучиште