Расистички напад врз Мишел Обама на Фејсбук

Актуелната „прва дама“ на САД, Мишел Обама била жртва на расистички напад од две жени, од кои едната е градоначалник во мало место во сојузната држава Западна Вирџинија, пишува „Њујорк Дејли Њуз“.
Инцидентот го предизвикала Памела Ремзи Тејлор, директор на непрофитната група за развој „Клеј каунти“.
„Претставува освежување да се има една ексклузивна, убава и достоинствена „прва дама„ во Белата куќа. Се изморив гледајќи еден мајмун во потпетици„- напишала на Фејсбук директорката Тејлор.
Градоначалникот на градчето Клеј, Беверли Волинг на таа порака на Тејлор , се надоврзала со забелешката - „ми го разубавави денот, Памела„.
Расистичкиот напад врз сопругата на претседателот Обама и исто таквиот коментар на градоначалникот во местото, предизвика шокиранист и згрозување низ САД.
Според американските медиуми, во многу кусо време, на интеренет се собрани околу 100 илјади потписи со остар протест и барање за сменување на Тејлор од директорската функција.
Весникот „Вашингтон пост„ тврди дека таа веднаш била сменета.
Во изјавата за овој весник таа се правда дека не е расист, иако знаела дека нејзниниот коментар за сегашната и идната „прва дама„ ќе се окарактеризира како расистички.
„Само сакав да го кажам своето мислење околу атрактивноста (на двете жени) а не за бојата на кожата„- изјавила Памела Ремзи Тејлор за овој весник.
Слична е изјавата и на градоначалникот Беверли Волинг, која тврди дека во реакцијата на пораката на Фејсбук, немала намера да биде расистка, но таа сега вели дека жали што сето тоа добило понаков изглед.
Волинг е градоначалник на градчето Клеј, во истоимената област во Западна Вирџинија, во кое живеат само 491 жители. Во местото нема црнечко население, а во целата област Клеј која има околу девет илјади луѓе, над 98 отсто се белци.
„Клеј Каунти„ групата за развој делумно се финансира со пари на сојузната држава и од федерални фондови.
Бројни групи за човекови права и за расна еднаквост остро протестираа против расистичкиот напад врз Мишел Обама, укажувајќи дека во САД се уште не е искренет расизмот и двоењето на лугето врз расна основа.
Западна Вирџинија е традиционално гласачко упориште на американские републиканци.
На изборите од 8 ноември, 68,7 отсто од локалните гласачи , гласале за Доналд Трамп.
Ново на Сител
-

Македонски мозоци во Њујорк: Помеѓу врвната наука и контроверзните документи на Епстин
-

Мицкоски: Борбата со криминалот мора да заврши со одземање на незаконски стекнатиот имот
-

Спогодбата за минималец од 600 евра остана без потпис, Мицкоски на средба со УПОЗ во четврток
-

Родител не сакал децата да му учат со Ромчиња
-

Левица ќе поднесе два предлог закони за подобрување на работничките права
-

Адвокатите бараат измени на обвинението за пожарот во кочанската дискотека
-

Мицкоски: Нема селективна правда и недопирливи, системски се бориме против криминалот
-

СДСМ: 5 тони дрога поминале низ Македонија - кој ќе одговара за картелскиот скандал?
