Расходите за одбрана на Велика Британија во 2016 година под минимумот на НАТО

Расходите за одбраната на Велика Британија минатата година беа под два проценти од бруто домашниот производ, што е под долната граница за земјите-членки на НАТО, се наведува во извештајот на Меѓународниот институт за стратешки истражување.
- Во 2016 година само две европски земји-членки на НАТО - Грција и Естонија ја постигнале целта да потрошат два отсто од БДП за одбрана, а во 2015 година таквата цел ја постигнале четири европски држави, изјави генералниот директор на Институтот, Џон Чапман.
Тој додаде дека Обединетото Кралство минатата година издвоило 1,98 проценти од БДП иако „британската економија забележала побрз раст отколку расходите за одбраната“.
Британската Влада го демантираше извештајот, наведувајќи оти расходите се наведени во американски долари, без да се земе предвид курсната разлика.
- Таквите бројки се грешни. Бројките на НАТО јасно покажуваат дека Обединетото Кралство издвоило повеќе од два проценти од БДП, изјави портпаролот на британското Министерство за одбрана.
Тој додаде дека британскиот воен буџет е „најголем во Европа, а втор во Алијанста и секоја година бележи раст“.
Претходно, генералниот секретар на Северноатлантската алијанса, Јенс Столтенберг изјави дека европските сојузници на НАТО и Канада во 2016 година ги зголемиле трошоците за одбрана до 3,8 отсто, што е за 10 милијарди долари повеќе во споредба со минатата година.
Ново на Сител
-

Ѓорѓиевски најавува паметен зелен бран за да се намалат гужвите низ Скопје
-

Тема на денот со Тимчо Муцунски, министер за надворешни работи и надворешна трговија
-

Интензивна на Пулмологија исполнета со пациенти кои имаат компликации од грип
-

Блокирани се сите гранични премини, паркирани над 75.000 камиони ширум цел регион
-

Бизнисот брои штети, Комората смета дека блокадите не се решение
-

Гости во „Пулс“ сведочеа дека дискотеката немала помошен излез, не се издавале ниту фискални сметки
-

Претставено кипарско претседателство во Собранието, власта и опозицијата се докажуваа кој е поголем Европеец
-

Враќање на довербата во народниот правобранител - приоритет на Сељами кој ја превзема функцијата
