Македонија
7. November 2019 - 16:43

Рашковски уверува на транспарентност - опозицијата обвинува за ремек дело за кражба

Објаснувањето на Рашковски предизвика поголема збунетост за проектот хеликоптерска медицинска помош, обвинува ВМРО-ДПМНЕ.. Од опозициската партија велат дека изборот на компанијата и нејзините должности се пропратени со нејаснотии,  па сметат дека целата постапка се води непрофесионално иако генералниот секретар на владата тврдел дека тоа е ремек дело за државата..

„Јас се согласувам дека можеби ова е ремек дело во однос на како тоа се планира да се украдат пари од државата. Во тој дел можеби е ремек дело, меѓутоа доколку видиме како до сега тече целата постапка, мислам дека е даелку дури и од ремек дело во крадење“, изјави Игор Јанушев, Генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ.

Јанушев повтори дека според тендерската документација за формирање хеликоптерска единица за спасување, избраната компанија ќе го добие центарот за обука на пилоти.. Ова вчера го негираше владиниот генерален секретар..

„Центарот за обука на пилоти не е во никаква корелација со ова јавно-приватно партнерство“, вели Рашковски..

Тој рече дека пет компании зеле тендерска документација а понуда испратила Сархемс која и го доби тендерот.. На прашањето од Сител што ги премислило да се откажат од тендерот, единствено фирмата German Healtcare Services најави одговор идната недела, кога од Германија ќе се врати сопственикот на компанијата..

Според договорот, избраната компанија Сархемс, помогната од Свидиш хеликоптерс конзорциум ќе почне со работа пред почеток на летото.. Услугите за македонските граѓани ќе бидат бесплатни..