Рашковски поднесе оставка
Утрово Драги Рашковски на својот Фејсбук профил објави писмо кое го доставил до премиерот Зоран Заев, информира дека се повлекува од функцијата Секретар за мониторинг и поддршка на институциите при реализација на програмата на Влада на Република Македонија.
„Почитуван Претседател на Владата, кога политиката (политикантството) ќе станат погласни од природните науки, тогаш работната атмосфера станува непогодна за некој кој е научен во се да ја бара логиката....Токму заради тоа до вас го доставувам ова неотповикливо повикување од функцијата. Мојата улога и со оваа функција и со претходната како генерален секретар беше да му дадеме една нова динамичeн димензија на општествениот живот. Секретар, каков и да е, може да е обичен писар, но може да е и еден од главните двигатели....“, пишува Рашковски.
Тој вели дека софтверот, поради кој се крена голема врева во јавноста, имал намера да спаси многу животи кои се губат на патиштата во земјава. „Вистината нека се провери преку институциите. Нема затскривање позади функции. За лажните вести најдобро искуство да го преточиш во научен труд е преку лично искуство. Се надевам лажните вести ќе престанат, зошто нивното негативно влијание не штети само лично. Вистинската причина за повлекувањето е наведена во самото писмо. Се поразлично од тоа е лажна вест“, додава Рашковски.
Ново на Сител
-
Тешка сообраќајка во Прилеп: Се судриле камион и мопед, возачот на камионот избегал
-
Нова авиолинија Скопје-Рига-Скопје
-
Кривична пријава против две лица, расчистени 4 кривични дела, одреден притвор
-
За изборите на 8 мај акредитирани 1078 домашни и 770 странски набљудувачи
-
Киднапиран, избоден и претепан скопјанец – Еден од напаѓачите негов колега
-
ЦУК: Пронајден е изгубен планинар на Плачковица
-
Земјотрес регистиран во Скопје
-
Велика Сабота - денот меѓу смртта и воскресението