Рашковски: Парите на децата се заштеди од родендени и мекици, Холивуд не може да го режира ова
Првото рочиште за случајот против Драги Рашковски поранешниот генерален секретар на Владата е одложено. Тој смета дека не е виновен, а за Обвинителството вели дека со предметот прават филм како што Холивуд да неможе да го режира.
„Не може Обвинителството да кажува и импутира дека тоа се пораки, за кои што, и од самиот производител стои дека не може да утврди за каков тип на податок станува збор. Од тоа што јас можам да ви го кажам е дека ќе имаме едно навистина интересно судење кое што би требало, во македонското правосудство, особено во делот на компјутерската форензика, која што и те како слабо е применувана, а правосудството запознаено, да имплицира многу поквалитетен начин за прибирање на дигиталните докази. Бидејќи срамота е лица кои немаат познавања, лиценци, ниту се вештаци, да им се дава да буричкаат, чепкаат по приватни податоци на лица кои им се одземени телефоните“, кажа Рашковски.
Прашан кого ќе бара да сведочи во негова полза, за да докаже дека не е виновен, Рашковски рече дека го предложил поранешниот министер за внатрешни работи, Наќе Чулев.
„Ние доставивме дополнителни докази, меѓу кои и дополнителни сведоци. Побаравме поранешен министер за МВР, Наќе Чулев и други лица. Не може да докажувате дека мои средства уплатени во 2015 година, да тврдите дека се од тендер во 2019 година. Холивуд да го режира ова, нема да го направи“, додаде тој.
Објасни и како се стекнал со имотот кој го има.
„Станува збор за купен плац, кредит земен за таа работа. Кредитот потекнува од моментот кога не сум бил функционер. Јас кога влегов како ген.сек. не влегов без средства. Децата имаат заштеда која е од нивните родендени и мекици, а се друго што поседуваат е мој имот, кој сум го имал и пред тоа. Се вулгаризира целата работа. Станот, имотот во Струмица сум ги имал и пред да станам функционер. Новиот имот кој што е купен во Побожје, е имот на кредит“, кажа Рашковски.
Ново на Сител
-

„Кочани ви благодари“- доделување благодарници за значаен придонес во грижата за повредените по кочанската трагедија
-

УЈП: Даночната дисциплина и фер конкуренцијата одат заедно
-

Најстудено во Берово, најтопло во Виница, утринските температури од -5 до 3
-

Неутрална Швајцарија не дозволи летови на американските воени авиони над земјата
-

Велосипедска тура во сеќавање на жртвите и за поддршка на повредените во „Пулс“
-

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози
-

Фарс: Најмалку 15 мртви во ракетен напад врз фабрика во иранскиот град Исфахан
-

Трамп не е подготвен за договор за завршување на војната со Иран
