-->
-->
Расчистени диви депонии во Бутел и Чаир
-->
Во текот на минатиот викенд, екипите на ЈП Комунална хигиена-Скопје подигнаа и транспортираа приближно 130 кубни метри отпад од неколку диви депонии лоцирани во скопските општини Бутел и Чаир.
Отстранети се 40 кубни метри отпад од обемна дива депонија лоцирана на улицата Боца Иванова, на последната постројка на автобусот 59, во непосредна близина на градските гробишта Бутел.
Се интервенираше и на улиците Ресенска, Струмичка, Вуковарска, Цветан Димов и Џон Кенеди во општината Чаир, каде што се отстранети приближно 90 кубни метри непрописно одложен отпад.
Активностите за расчистување на дивите депонии во општините Бутел и Чаир ќе продолжат и во текот на денешниот ден.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Индустриското производство намалено за 3,6 отсто
-
Просечната каматна стапка на вкупните кредити 5,44%, а на депозитите 1,96%
-
НБ: Нето надворешниот долг до 30 јуни 4,48 милијарди евра
-
Почна монтирањето на новиот топловод под мостот Беласица
-
Поевтинуваат дел од горивата
-
Запленети лекови, мобилни „ајфон 16“, часовници „ролекс“, девизи
-
На респиратор новороденчето чија мајка почина во кумановската болница
-
РКЕ: Грејната сезона почнува на 15 октомври