Расчистени 15 измами во Гостивар, кривична пријава за четворица измамници
Секторот за внатрешни работи Тетово-Одделение за внатрешни работи Гостивар целосно расветли вкупно 15 измами и до Основното јавно обвинителство Гостивар вчера (15 јуни) поднесе кривична пријава против:Б.А.(35) од Скопје и тројца тетовци Р.М.(37), Б.М.(31) и Ш.Ш.(35), поради основи на сомнение дека сториле кривично дело "измама", казниво по член 247 став 1 од Кривичниот законик.
Четворицата пријавени, од кои двајца веќе издржуваат затворски казни, се сомничат дека во 2020, 2021 и 2022 година со лажно прикажување и со прикривање факти довеле во заблуда повеќе лица во Гостивар.
Организаторите на овие измами за реализација на истите користеле и други лица, најчесто роднини или блиски на оштетените, а за да бидат поубедливи во нивните измислени приказни и на тој начин противправно да дојдат до различни суми на парични средства.
Ново на Сител
-

“Клексан” и три други антикоагуланти од 1 јули се на позитивната листа и достапни во аптеките
-

По 25 години - нов етички кодекс за новинарите
-

Нов етички кодекс за пратениците - ќе се стави ли крај на навредите во Собранието?
-

Нов доказ во случајот со оддавање службена тајна
-

Преговори за Изборниот законик
-

Нови лекови на позитивната листа
-

Почна пријавувањето на штетите од пожарот во Пробиштипско
-

Производителите на пченица бараат да запре увозот
