Расчистени 10 тешки кражби, кривични пријави за четворица крадци
Полицијата расчисти десет тешки кражби во станови и куќи кои беа регистрирани минатиот месец во гостиварскиот регион.
Од СВР Тетово информираат дека осомничените кои извршиле пет тешки кражби во станови во Гостивар се Х.М.(21), Л.М.(21) од Форино и М.С.(24) од Чегране. Тројцата се сомничат дека од средината на октомври до крајот на ноември годинава, насилно провалувале во станови, кршејќи ги бравите од влезните врати и одземале пари, златен накит и часовници.
Осомничен и кривично пријавен е и Ф.Р.(48) од гостиварско Речане, поради основи на сомнение дека во август и септември оваа година, со употреба на сила, извршил пет тешки кражби во куќи во Гостивар и селата Здуње, Вруток и Речане, при што одземал разновидни предмети. Украдените предмети подоцна тој им ги продавал на други лица.
Ново на Сител
-
Мицкоски за паркингот на Клиника: Одлука на Влада нема, договор не е потпишан
-
Со законски измени против поскапување на производите
-
Протестен марш „Нека јадат ружи“
-
СДСМ на Осмомартовски марш
-
Жените од руралните средини како хероини
-
Осми март го наполни Охрид со гости
-
Преглед на вестите од светот
-
Невработеноста во Македонија на најниско ниво досега