Тенис
7. September 2016 - 13:13

Раритет, тенисер не освоил ниту еден поен

Неверојатен резултат  е постигнат на тенискиот Фјучрс турнир во францускиот Бажнер Де-Бижор. Домашниот играч Беџамин Тулу со 6-0 6-0 г победи Чехот Томаш Фабиан. Ваков резултат во машкиот тенис е реткост, но вистински раритет е начинот на кој Тулу стигна до победата.
 
Тулу на својот противник не му дозволил да освои ниту еден поен, односно победил со 6-0, 6-0 освојувајќи ги сите 48 поени, а мечот траел 24 минути.
 
Инаку поразениот Фабиан има 55 години, а тениската „кариера“ ја започнал минатата година. Досега играл на четири Фјучрс турнири, нема забележано победа, не освоил ниту еден гем, а ова му е прв пат да не освои ниту еден поен.