-->
-->
Ранко од „Чиста љубов“ ќе биде татко - еве која актерка ќе му роди ќерка
-->

По три годишната врска, хрватската актерка Јелена Перчин (37) и црногорскиот актер Момчило Оташевиќ (27) кој на македонската јавност и е позната како Ранко од серијата „Чиста Љубов“ чекаат дете.
Момчило вели дека откако дознал дека ќе добие дете животот му се смненил за 180 степени.
„Приоритетите сега ми се други. Се обидувам да стигнам секаде, а и како актер на сцената да дадам се од себе. Задоволен сум како го конципирав својот живот, а што се однесува на работата, можам да работам или да седам дома. Тука немам многу избор и калкулации. Го избрав првото. Научив да уживам во својата работа баш како и во животот“, раскажува Оташевиќ за хрватските медиуми, кој со Јелена го споија токму сапуниците.

Неодамна откри дека ќе добијат ќерка.
Се запознале на снимање на серија, а заедно се од 2015 година, кога работеа на серијата „Каде ќе пукне да пукне“. Снимањето почнало на почетокот на септември, а нивната љубов ја открил за новинарите еден член на екипата. Хрватската актерка во тој период стави крај на бракот со познатиот хрватски угостител, Кристијан Бабиќ со кој ја има осумгодишната ќерка, Лола.
Иако ги дели разликата во години, Оташевиќ вели дека со Јелена имаат сличен животен пат.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Сиљановска од Баку: Обединетите нации се маргинализирани тогаш кога се најпотребни
-
Македонија 5 години во НАТО
-
ЦГК: За две години државата потрошила 8,5 милиони евра за нови автомобили
-
Пациенти алергични на полен ги полнат амбулантите
-
Полицијата го зголеми надзорот
-
Преглед на вестите од светот
-
Осомничените кои набавувале сомнителен мазут можно е да одговараат и за екоцид
-
Тема на денот со Фани Каранфилова Пановска