Рангелова: Јанева по втор пат е фатена како дава лажен исказ
Пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ во македонското Собрание Даниела Рангелова на денешната прес-конференција во седиштето на партијата рече дека Катица Јанева по втор пат е фатена како дава лажен исказ, што е недозволиво и непоимливо за некој што треба да биде на страна на правдата и професионално и чесно да ја извршува својата функција.
- Јанева е дебело платена со неколку илјади евра месечно, пари на граѓаните, за работата која треба да ја врши согласно законот. Затоа Јанева има обврска и кон медиумите и кон граѓаните транспарентно и отчетно да одговара на сите прашања кои се предмет на интерес на јавноста, истакна Рангелова.
Последното прашање коe се отвори за Jанева, како што рече, е дали таа дала лажен исказ заверен кај нотар под морална и кривична одговорност дека поседува насад со смокви постар од три години. Според Рангелова, преку овој исказ Катица Јанева се обидела да ја искористи социјалната мерка со која преку јавен оглас им се доделува земјоделско земјиште на лица чија основна дејност им е земјоделието.
Јанева, како што нагласи Рангелова, на јавноста и должи одговор за тоа дали поседува насад на смокви на целата површина за која тврди во дадениот исказ заверен на нотар, а објавен во медиумите.
Рангелова потсети дека оваа поволност која ја нуди Владата во јавниот оглас е наменета пред се за регистрирани земјоделци.
- Функционер кој треба чесно и професионално да ги извршува законските овластувања, не смее да остави црни дамки зад себе. Јавноста од вас се уште очекува да го слушне одговорот и околу барањето за добивање на државен стан. Во тоа барање имате наведено дека немате стан во Скопје, а медиумите објавија дека вие или членови од вашето најблиско семејство поседувате два стана во строгиот центар на Скопје и истите ги имате пријавено, рече Рангелова.
Ново на Сител
-
Јапонскиот министер за надворешни работи во ненајавена посета на Украина
-
Бајден: Доаѓа време на големи политички промени
-
Претпладне облачно со сончеви периоди, попладне ведро
-
Состојба на патиштата
-
Тешко повреден скопјанец - Избоден со нож поради недоразбирање во сообраќајот
-
Албанската полиција на граничните премини годинава запленила непријавени над 2,3 милиони евра
-
Зеленски: Под администрацијата на Трамп, војната во Украина ќе заврши побрзо
-
Семејна драма во Аеродром – Со нож ѝ се заканувал на сопругата