Фудбал
14. July 2015 - 15:22

Рамос е новиот капитен на „Кралевите“!

Дефанзивецот на Реал Мадрид, Серхио Рамос, ќе биде новиот капитен на ’кралскиот клуб’. Ова е логичен редослед на настаните бидејќи Рамос беше заменикот на Икер Касиљас, кој по две децении замина од Реал и се пресели во Порто.
 
Исто така, шпанските медиуми шпекулираат дека со ова е само еден од потезите раководството на Реал со кои му става на знаење на Рамос дека тој е важен играч во тимот.
 
Од завршувањето на сезоната се шпекулира дека Манчестер Јунајтед има сериозна намера да го ангажира Рамос.