Рамчиловиќ: Првпат по 11 години нема да има покачување на пензииte
Првпат после единаесет години нема да има покачување на пензиите во Република Македонија.
СДС го укина зголемувањето на пензиите.
СДС вчера пред очите на целата јавност одлучи пензиите на пензионерите да не се зголемат.
Владата на ВМРО-ДПМНЕ во своето владеење ги зголемуваше пензиите на сите пензионери во Република Македонија.
Најниската пензија се зголеми за 105 проценти и истата од 4.330 денари во 2006 година, се покачи на 8.895 денари. Додека просечната пензија која во 2006 година изнесуваше 7.684 денари, на крајот од 2016 година стигна до 13.754 денари.
СДС не дозволи пензионерите да добијат плус уште една просечна пензија од 8.200 денари во текот на годината.
СДС треба пред пензионерите и целата јавност да одговори зошто се против зголемување на пензиите на пензионерите, тие само докажуваат дека партиските интереси се многу поважни од интересите на граѓаните.
СДС со вчерашното гласање го спречија продолжи трендот на зголемување на пензиите на пензионерите што беше редовна пракса во изминатите години.
ВМРО-ДПМНЕ покажа како треба да се грижи за пензионерите додека СДС продолжи онаму каде што застана во 2006 година, да ги лаже, да ги манипулира пензионерите и да не ги покачува пензиите.
Ваквото деструктивно однесување на СДС ќе биде казнето од страна на граѓаните на претстојните локални избори.
Ново на Сител
-
Пентагон соопшти дека почнала изградбата на привремено пристаниште во Појасот Газа
-
Ненад Димитријевиќ прогласен за МВП во ВТБ лигата
-
Од денеска поскапува регистрацијата на возилата
-
Мета: Победата на професорката Давкова ќе биде уште поубедлива
-
Протести во Венеција против туристичката такса - Судир на полицијата со демонстрантите
-
Кривична пријава за жител на Росоман за посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи
-
Таравари демантира дека вчера имал тајна средба со Ахмети, на која добил понуда од него
-
Во германските продавници пронајдени се над сто килограми кокаин во пратките со банани