Рама: Сон ми е Албанците да се обединат под небото на ЕУ

Албанскиот премиер Еди Рама изјави дека никогаш не сонувал за „Голема Албанија", бидејќи има поголем сон - сон за „Голема Европа", под чие небо ќе се обединат сите Албанци.
Во интервју за порталот Еуроњуз, Рама изрази жалење поради реакцијата која беше предизвикана од неговата претходна изјава дека еден ден Косово и Албанија би можеле да имаат заеднички претседател.
- Тоа не требаше да биде вознемирувачка изјава, туку идеја, изнесена во посебни околности, на десеттата годишнина од независноста на Косово и за време на обраќањето пред косовскиот Парламент, рече албанскиот премиер.
Според него, идејата за заеднички претседател се однесува за период по 20 години, допoлнувајќи дека пред да ја изнесе идејата рекол оти дијалогот меѓу Белград и Приштина за 20 години може да биде успешно завршен и Србите и Албанците да бидат дел од ЕУ.
- Значи, многу предуслови до моментот кога би можеле да имаме заеднички претседател, објасни Рама, кој на прашањето дали сега жали за изјавата - одговори негативно.
Тој посочи дека албанскиот Устав обврзува да се штитат Албанците во сите други земји, но цени дека на Албанците „никогаш не им било подобро отколку што им е денес во местата каде живеат."
- Така, во Косово, тие сега имаат своја држава. Во Македонија се дел од една вистинска револуција кога станува збор за промена на односот кон албанскиот јазик и албанскиот народ. Во јужниот дел на Србија, се надевам дека ќе се подобрат условите врз основа на фактот дека Србите во Косово се третирани многу добро, и многу подобро, рече Рама.
Ново на Сител
-

Мицкоски: Многу скоро ќе се излезе со информација за тоа што се случило во Гостивар и ќе има одговорност
-

Приведен возач во тетовско, возел без возачка дозвола и предизвикал сообраќајна несреќа
-

Николоски: Реконструкцијата на Охридскиот аеродром се одвива според утврдената динамика, ќе биде готов до крајот на летото
-

И Здравје и работа: Време е Македонија да избере развој заснован на знаење и да се реализира проектот за рудникот „Иловица – Штука“
-

Клековски во Гостивар: Се бара причината за зголемениот број на пациенти во Гостивар
-

САД и Ирак потпишаа 48 договори, главно во енергетскиот сектор
-

Илјадници луѓе без вода за пиење во Иран по американските напади
-

Инфантино: Светско првенство 2026 е најдобро во историјата
