Балкан
5. March 2020 - 13:05

Рама: Првите 3.700 семејства во нови домови до крајот на годинава

Албанскиот премиер Еди Рама објави дека е финализиран текстот на нацрт – одлуката на Советот на министри за изградба на првите 3.400 куќи, за што се предвидени средства во износ од 8,7 милијарди леки.

Тоа го отвора патот за распишување на меѓународен тендер за да се започне со работа за обнова на областите погодени од катастрофалниот земјотрес што ја погоди земјата утрото на 26 ноември минатата година.

Рама даде добра вест за настраданите семејства на кои им вети дека до крајот на 2020 година ќе се преселат во нивните нови домови.

-Ние и ноќта ќе ја претвориме во ден, за да семејствата во Туман и секое рурално подрачје во Круја, Курбин, Лежа, Драч, Шијак, Каваја, Вора, Камза и Тирана, кои ги изгубија своите стари куќа, првиот ден од новата година го дочекаат во нови, многу поубави и постабилни домови, вети Рама.

Во меѓувреме турскиот амбасадор во Тирана, Мурат Ахмет Јорук, најави дека Владата на неговата земја кон крајот на овој месец ќе почне со изградба на ветените 500 домови.