Рама повеќе од горд од придонесот на Албанија во процесот за нормализирање на односите меѓу Косово и Србија

Албанскиот премиер Еди Рама изјави дека е „повеќе од горд на придонесот на Албанија во тешкиот процес на нормализирање на односите меѓу Косово и Србија“.
-Не би можел а да не бидам повеќе од горд на решителниот и конкретен придонес на Албанија во тешкиот процес на нормализирање на односите меѓу Косово и Србија. Сепак, нацрт-статутот за Заедницата на општини со српско мнозинско население (ЗСО) прифатен од Косово и Србија како соодветен работен документ е нацрт на ЕУ, напиша тој на објава на социјалните мрежи.
-Албанија силно ќе го поддржи Косово во спроведувањето на Основниот договор и ќе продолжи да ја игра својата улога во промовирањето на мирот, стабилноста и регионалната соработка меѓу сите земји од нашето соседство, наведува тој.
Рама најави дека наскоро ќе отпатува за Приштина за лично да ја покаже неговата поддршка.
Како што пренесуваат албанските медиуми токму Предлог-документот што Рама го доставил до високите претставници на ЕУ, е оној кој на косовскиот премиер Албин Курти и српскиот претседател Александар Вучиќ им го предложиле евопските претставници.
Ново на Сител
-

Експерти: Промената на власта во Унгарија нема да влијае на односите со македонската влада
-

Тема на денот со Илија Димовски, поранешен пратеник
-

Поевтинуваат горивата
-

По промените, Филипче бара ревизија на договорите на Мицкоски со Орбан
-

Вицепремиерот за европски прашања очекува позитивен извештај од ЕК
-

Предметот „Талир 2“ доби нов јавен обвинител
-

Поранешната антикорупционерка Димитровска не се чувствува виновна
-

МВР најави 24 часовен „радарски маратон“
