Рама поднесе тужба за клевета против косовскиот премиер во заминување, Харадинај вели дека нема основ

Харадинај наведе дека во законски предвидениот рок ќе даде одговор на тужбата, пренесе Косово онлајн.
- Во медиумите денеска е објавено дека албанскиот премиер Еди Рама, на суд поднел тужба против мене. Според законот, јас ќе го подготвам одгвоорот на тужбата во законските рокови, наведе Харадинај.
Тој тужбата ја нарече неоснована и обид за избегнување на одговорноста.
„Тужбата на премиерот Рама е сосема неутемелена и претставува негова политичка диверзија за да се сокрие зад медиумските драми и за да ја избегне одговорноста. Нашиот народ и Косово имаат луѓе кои ќе бидат нејзиниот браник во секој момент“, наведе Харадинај на Фејсбук.
Рама претходно пред Основниот суд во Приштина поднесе тужба против Харадинај во која наведе дека косовскиот премиер го клеветел заради што бара извинување и отштета.
Во тужбата тој наведува дека Харадинај во неколку емисии емитувани во октомври минатата година зборувал за размена на територии меѓу Белград и Приштина, обвинувајќи го него дека со Хашим Тачи и Александар Вучиќ ја отвориле идејата за размена на територии.
Ново на Сител
-

„Бела ноќ 2026“ во Скопје - концерти, изложби, перформанси, настапи на диџеи и програма за најмладите
-

Во рускиот источен регион Иркутск млада жена почина од куга
-

Северна Кореја истрела балистичка ракета кон Јапонското Море
-

31 година од атентатот врз Киро Глигоров - сè уште без одговор кој стоел зад нападот
-

Сончево со мала до умерена облачност и студено утро
-

Г7 пушта до 100 милиони барели нафта и дизел од резервите за да ги намали цените
-

Од декември построги услови за кредит
-

Македонците со минимална плата можат да купат 19% повеќе храна од пред пет години
