Рама побара од министрите да ги вратат луѓето кои по земјотресот се засолниле во Косово

Албанскиот премиер Еди Рама ги повика сонародниците кои, поради катастрофалниот земјотрес, заминаа за Косово да се вратат.
Рама утрово, на итна средба со Советот на министри во Тирана, им нареди на министрите за образование и здравство и социјална заштита Беса Шахини и Огета Манастирлиу да ги повикаат и да ги вратат луѓето што се засолниле на Косово.
Рама нагласи дека целокупната состојба во областите погодени од земјотресот е добра и се движи кон подобрување.
Според медиумите во Косово се над две илјади албански граѓани поголемиот број од нив во Призрен.
По Самитот на НАТО во Лондон Рама искажал оптимизам дека Европа ќе ја подржи Албанија да ја надмине состојбата по катастрофалниот земјотрес.
Според него 15-те милиони евра доделени од Европската комисија не се еднствена помош,дека очекува средства и од ИПА а секако и одржувањето на две донатоски конференции,едната што ќе ја организира ЕК и втората од турскиот претседател Ердоган.
Ново на Сител
-

Над 200 милиони евра годишно се даваат како државна помош, но не се знае кој добива и за што
-

Прегазени дете и тинејџер во две одделни сообраќајни несреќи
-

Зголемен водостојот на реките, во Кичево се уште се санираат штетите
-

Преглед на вестите од светот
-

Протест на ССМ пред Владата
-

Се санираат штетите во Кичево, 250 лица и натаму се евакуирани
-

Ќе се врши стручна анализа на водоснабдителниот систем во Струга
-

Бизнисот, УГД и општината во заедничка мисија - иновации дома
