Рама: Платите на министрите и пратениците не се зголемени 9 години
Албанскиот премиер Еди Рама за време на посетата на Елбасан изјави дека платите на министрите и пратениците, ниту на премиерот, не се зголемени 9 години од доаѓањето на неговата Социјалистичка партија на власт.
Шефот на владата нагласи дека нема ни да се зголемат се додека не се во можност да ја зголемат платата на граѓаните.
– Платите на министрите, на пратениците и на премиерот не им се зголемени 9 години, тоа нема да се случи додека сум јас премиер, рече Рама.
Во врска со протестот на универзитетските професори, кои бараат зголемување на платите, Рама рече дека платата им е зголемена повеќе од другите.
– Од 2013 година, платите на министрите никогаш не се зголемени, платите на пратениците не се зголемени и нема да се зголемуваат. Дури ни премиерската плата додека сум јас. Зошто? За многу едноставна порака. Сè додека не можеме да ги подигнеме платите на другите до степен до кој заслужуваме да ни се покачат платите, не мораме да ги зголемуваме нашите плати, порача тој.
Додаде дека ако се види во изминатите години какви работи се направени, тоа е поинаква Албанија од она што се гледа на телевизија.
– На телевизија никој не се сеќава да каже за нивото на реализираната работа и извезот. Албанија денес се обработува двојно повеќе земјоделско земјиште отколку пред 7-8 години, затоа што тоа максимално го помагаме, нагласи Рама.
Ново на Сител
-
Сиљановска Давкова: Разговорот со Радев беше пријателски и со почит, ни за миг не ги заборавив македонските национални интереси
-
Дел од општина Центар утре без вода
-
САД со санкции против конзорциумот Intellexa кој продавал шпионска технологија на авторитарните режими
-
Бугарскиот амбасадор ја одбил протестната нота, усно изразена загриженост поради отстапувањето од договорениот протокол и побарано дополнително објаснување
-
Бајден: На американската тајна служба и треба повеќе помош и работна сила
-
Градоначалникот на Белград повторно зборува за селење на гробот на Тито од Куќата на цвеќето
-
Осомничениот за обидот за убиство на Трамп пред федералниот суд на Флорида
-
Тепачка помеѓу две сестри во Скопје