Рама: Платформата е на албанските партии, а ние само им помогнавме
Албанскиот премиер Еди Рама изјави дека т.н тиранска платформа не постои туку има само „платформа на Албанците од Македонија“ со која официјална Тирана немала никаква поврзаност.
- Нема никаква платформа од Тирана, туку платформа на албанските партии на кои ние им помогнавме. Ние имавме одделни средби со лидерите на албанските партии и зедовме прибелешки се што кажаа. Тие се обединија во едно парче хартија, рече Рама во интервју за една албанска телевизија.
Според него, вистината е сосема поинаква од она што го тврдат претседателот Ѓорге Иванов и ВМРО-ДПМНЕ.
Тој додава дека не се согласил да се сретне со ниту еден лидер на партија за време на изборната кампања.
- Оваа влада е влада која кога спроведе административни реформи, оставивме една општина за малцинството (мисли на Македонците и општина Пустец) и оставивме да стават име кое го сакаа, онака како што се чувствуваат во нивните домови. Тоа е се, нема никакво чудо, тоа е напор на Албанците во Македонија за да ја направат Македонија посилна и тоа се прави како што сакаат Албанците, изјави Рама.
Тој е дециден дека Албанците во Македонија „не се бегалци, туку интегрален дел на една држава со два ентитета“.
Ново на Сител
-
Привремена забрана за дронови во Њу Џерси од безбедносни причини
-
Автобус и две возила удриле во крави на автопатот Скопје - Тетово
-
Сообраќајна незгода на патот Скопје - Тетово, пренасочен сообраќај
-
Мицкоски: Со тоа што Груби е бегалец само потврдува дека е виновен
-
Намалена видливост поради магла на патните правци Ресен - Битола и Струга - Охрид
-
Тошковски: МВР има снимка, полицаецот е суспендиран
-
Нетанјаху: Израел го штити светот од Хутите
-
Нови 118 случаи на грип во државава