„Рама оди си“ – „Жолтите елеци“ пристигнаа и во Албанија
Бран протести попладнево ја зафатија цела Албанија, а поголемиот дел од учесниците на собирите се појавија во жолти елеци по примерот на демонстрантите во Франција. Освен студентите, кои протестраат веќе осми ден, на протести излегоа и граѓани од повеќе градови, незадоволни од високите цени на горивата и електричната енергија, како и од сиромштијата.
Жителите на поширокиот регион на Курбин го блокираа автопатот Тирана-Кукс, барајќи намалување на цената на горивата и на електричната енергија, како и на даноците. Тие носеа пароли на кои беа напишани пораки против Владата на премиерот Еди Рама.
Паралелно со ова, протести се одржаа и во Скадар, Корча, Валона, Фиер, Елбасан, Драч и Пешкопеја, кои беа пропратени со блокирање на национални патишта и оние кои водат кон граничните премини, како и на автопатот Драч-Тирана.
Еден од најчесто извикуваните слогани на протестите беша „Рама од си“.
„Жолтите елеци“, како што веќе се нарекоа демонстрантите, најавија масовен протест на 15 декември во 18 часот во Тирана под мотото „Дојди да протестираш за нафтата“.
Ново на Сител
-

Филипче: Драстичен пад на странските инвестиции - дебакл на Мицкоски
-

Пуштена во сообраќај обиколницата околу Крива Паланка
-

Редовната проверка на пулсот може да спречи мозочен удар
-

Тема на денот со Татјана Алексиќ, професорка
-

Реактор истражување: Кој се грижи за мајчинството, менталното здравје и невидливиот товар на очекувањата?
-

Власта и опозицијата со нови обвинувања за притворот на Груби
-

Сад и Израел го нападнаа Иран
-

Амбасадата со поддршка за граѓаните
