Рама: Ништо не порекнувам од тоа што го кажав за ЕУ и за вакцините
Албанскиот премиер Еди Рама денеска одговори на вчерашната реакција на Амбасадата на Франција во Тирана, по неговите последователните критики кон Европска Унија односно за нејзината политиката со вакцините против Ковид-19 кон земјите од Западен Балкан.
Амбасадата на Франција во Тирана меѓу другото наведе дека критиките на Рама за недостиг на вакцини од ЕУ за Запен Балкан се опасен антиЕУ курс.
– Зборував за конкретно прашање во конкретна ситуација, поврзана со вакцината и не отстранувам ниту запирка од она што ги кажав. Оставајќи ги настрана земјите од нашиот регион во дистрибуцијата на вакцината против Ковид, нема изговор во кој било план и ова го разбира секој што се прави дека не разбира. Но, немам ништо со Франција. Не нападнав ниту еден пријател, уште помалку Франција.
Француската амбасада направи грешка, вадејќи го од контекст она што го кажав. Тоа нема никаква врска со Франција и како неа можев да земам за пример друга земја, истакна Рама.
Инаку, во рекацијата на Амбасадата на Франција се оценува дека „не е нормално и коректно да се напаѓа пријател како Франција“.
– Еди Рама тргна на опасен геополитички курс, бегајќи од ЕУ, кон Турција. Во меѓувреме, ЕУ, покрај стотиците милиони евра што и ги даде на Албанија, побара од официјална Тирана да ги исполни условите потребни за првата конференција ЕУ-Албанија. Сменетиот курс на Еди Рама, антиЕУ, станува опасен курс за европската иднина на земјата и за демократијата во Албанија, се наведува во реакцијата на Амбасадата на Франција во Тирана.
На изјавите на Рама за „незантересираноста на ЕУ“ да им додели вакцини на земјите од Западен Балкан реагираше и евроамбасадорот Луиџи Сореца, нагласувајќи дека ЕУ и дала големата помош на Албанија за време на пандемијата.
Ново на Сител
-
Работниците ширум Европа и Азија бараат поголеми работнички права на првомајските демонстрации
-
Почнува уписот на првачиња за учебната 2024/2025 година
-
Максим дебитираше во ВАКО-ПРО со победа
-
Извонредна организација на АФН-9 ВАКО-ПРО кик бокс настанот во Скопје
-
ДС: Само силен синдикат е гарант за работничките права
-
Притвор од 30 дена за жител на Сопиште, пронајдена дрога во неговиот дом
-
Ковачевски: Нека ни е честит 1 Мај, СДСМ секогаш била на страната на работниците
-
Мицкоски: Работничките права се прекршени, државата не води грижа за тие кои се р`бетот на економијата