Рама: Можеби Путин е болен, ама и ЕУ не изгледа здраво
Премиерот на Албанија Еди Рама денеска во Брисел, по самитот на лидерите на ЕУ и Западен Балкан, изрази разочарување од односот на Унијата кон европската интеграција на регионот, наведувајќи дека не е проблем само Бугарија, туку и дека ЕУ е уморна на проширувањето, јави дописничката на МИА од Тирана.
На заедничката прес-конференција со лидерите на Србија и на Македонија, Рама рече дека Северна Македонија чека 17 години да се отворат преговорите за членство во ЕУ, а Албанија осум години.
– Од една заедничка визија и заедница, ЕУ стана инструмент за поединечни членки да запрат нешто. Приказната со Бугарија е срамота. Едната земја наметнува нешто свое, а другите 26 не можат ништо да направат околу тоа. Има многу наводи дека (рускиот претседател Владимир) Путин е болен, но не можам да кажам дека оваа куќа овде изгледа здраво – изјави Рама, пренесува Топ чанел.
Тој апелираше до лидерите на ЕУ да не ја убиваат вербата на Албанците во европската иднина, наведувајќи дека неговата земја ќе остане на европскиот пат со верба дека ќе стане дел од ЕУ.
Рама изрази жалење и што ЕУ сè уште не го либерализирала визниот режим за граѓаните на Косово.
Албанскиот премиер повтори дека ЕУ треба да има разбирање за Србија и дека не е добро да се бара од Белград да се приклучи на сите санкции што ги воведе кон Русија.
Рама рече дека „реалноста е сосема поинаква“ во Србија и дека на средбата со европските лидери „се обидел да објасни“ дека 80 отсто од српските граѓани го поддржуваат рускиот претседател Путин.
Ново на Сител
-
Арсенал се надева дека Жоргињо ќе го продолжи договорот
-
„Данас“/Соговорници: Вучиќ покажува дека ја презира работничката класа
-
Земјотрес од четири степени во поширокото подрачје на Лос Анџелес
-
Русија достави резолуција до ОН за забрана на оружјето во вселената
-
При уривање на автопат во јужна Кина загинаа 36 лица
-
Уште пет дена кампања за претседателските и парламентарните избори
-
Советот за човекови права на ОН ќе расправа за состојбата во Северна Македонија
-
Велики четврток - почнуваат велигденските празнувања