Рама: Макрон мисли за „не“, но сонцето повторно ќе изгрее
Албанскиот премиер Еди Рама денеска преку видео порака на социјалните мрежи зборува за одлуката на земјите од Европската унија, да отворат или не преговори со Албанија.
Со долга брада, можеби сакајќи да го имитира првиот шеф на албанската влада Исмаил Ќемали, Рама вели дека Германија, која ги предводи земјите кои се за „да“, избрала поинаков пат од повеќето земји-членки. Тој предвидува „не“ од страна на францускот претседател Макрон за Албанија.
– Германија постави некои услови што се разумни за нас, но неразумни да се приближи кон Франција и тие две или три земји се уште не зазеле конечна позиција. Претседателот на Франција излезе со став за длабока реформа на Унијата. Емануел Макрон не е подготвен да ги придвижи преговорите за Западен Балкан понатаму, без претходно да изврши притисок за реформите во Унијата. Овој пристап на Франција е концептуално некомпатибилен со консензуалниот пристап што води кон оние кои се за „да“, но тоа не е против Албанија и Северна Македонија или Западен Балкан во целина, вели Рама.
На крајот тој посочува дека за неколку дена ќе го чуеме завршетокот на ова тешко поглавје од напорите да станеме дел од ЕУ, но каков и да е исходот од состанокот на Советот на Европа „сонцето повторно ќе изгрее и денот ќе биде природно продолжение на овој историски напор за европската државност, кон Европа што ја сакаме за нашите деца, не за Берлин, не за Брисел, не за нас, туку за Албанија, Албанците и другите генерации“.
Ново на Сител
-
Неврохирург со амбиција за промени во општеството | Венко Филипче | Неформално | Sitel Podcast 028
-
Вработена во битолско средно училиште нападната од колешка
-
Поради одржување предизборни митинзи в сабота и недела изменет режим на сообраќај во Скопје
-
Во општините Дебар и Центар Жупа повеќе гласачи од жители
-
Тепачка помеѓу две колешки во средно училиште во Битола
-
Вчера пријавени два различни случаи на физичко насилство на Бит Пазар
-
Приведени сопружници од Скопје
-
Во Прилепско во тек се теренски акции за имунизација