Рама: Ја жалам Европската Унија

Албанскиот премиер Еди Рама, се чини не го напуштил револтот во однос на Самитот на ЕУ, бидејќи истите поплаки ги повторил и за време на посетата на Австрија.
Тој изјави дека на „Балканот му е потребна ЕУ, исто толку колку што и тој и е потребен на ЕУ“ и додаде дека „ја жали Европската Унија, бидејќи во ваква жешка ситуација во Европа, среде војна, Бугарија држи во заложништво две земји членки на НАТО“.
– Ова е совршено место за дискусија, некои од скалите се качуваат, а некои се спуштаат, ние сме на средина. Некои добро го разбираат, на некои други им треба охрабрување за да го разберат, денес на ЕУ и треба Балканот исто колку што нему му е потребна ЕУ. Од друга страна, морам да кажам дека не е добра идеја да поканите некој од Балканот и да го оставите попусто да чека бидејќи навистина може да помине многу време за да се слушне неговиот збор, наведе Рама.
Тој додаде дека „нема подобро место од Австрија да заздравиме од бриселската депресија“ и му се заблагодарил на австрискиот канцелар за гостопримството.
– Многу луѓе го коментираа тоа што го кажав на прес-конференција како голем бес, но тоа нема врска со нас туку со ЕУ. Откако останавме таму четири часа, се чувствувавме беспомошни пред надреална ситуација, каде Бугарија земаше две земји од НАТО како заложници, среде жешка војна на границите на Европа. Бугарија го укина ветото, но тука не се работи само за Бугарија, има нешто длабоко во себе што е изгубено и треба брзо да се врати. Слушаме дека Путин е болен, може и не е вистина, но изгледа дека ЕУ е здрава. Слушнав од еден француски пријател дека Путин го направил спротивното од она што го сакал со обединување на Европа и НАТО, но изгледа дека следната зима нема да биде лесна, ништо не треба да земаме здраво за готово, наведе Рама.
Според него „колку повеќе луѓето имаат, толку помалку се склони да се откажат“.
Тој испрати порака до Украина и до украинскиот народ да не бидат многу оптимисти.
– Се надевам дека Украинците немаат големи очекувања за она што го добија од ЕУ, зашто како што претходно кажав кандидатскиот статус е само лек против депресија, посочи Рама.
Ново на Сител
-

Тошковски: Безбеден град не е за парично да ги оштети граѓаните туку да спаси живот повеќе, зголемен прагот на толеранција за возачите
-

Лазаров: Со добар план подготвени да ги дочекаме дуелите
-

Казнетата новинарка Вејсели: Срамен преседан е да бидам казнета зашто го објавив името на судијата, во Тетово и Гостивар не е како во Скопје
-

Во куќа во Ѓорче Петров фрлени две запалени стаклени шишиња, повредени нема
-

Во текот на ноќта и утре повремени врнежи од дожд, на планините од снег
-

Мицкоски: Над 45 илјади ваучери за електронски уреди за студенти се подигнати, искористеноста околу 99 проценти
-

Мицкоски: Податоците за индустриското производство се потврда за напорната работа, уште подобри резултати во периодот што следи
-

Акциска контрола на СВР Тетово, одземени ножеви и боксирач од малолетници
