Рама и Тачи за бришење на албанско-косовската граница и припојување на Прешевската Долина кон Косово
Косовскиот претседател Хашим Тачи, кој престојува во Тирана каде ќе учествува на состанокот на лидерите на земјите во Процесот Брдо-Бриони,што ќе се одржи утре во Тирана, попладнево оствари средба со албанскиот премиер Еди Рама.
На својот Фејсбук профил, Тачи напиша дека со премиерот Рама зборувале за потребата од целосно отворање на косовско-албанската граница и создавање „еден албански простор без граници, под евроатлантскиот чадор“.
Исто така, зборувале и за „корегирање на историските неправди“ и припојување на Прешевската Долина кон Косово.
-Имав средба со премиерот на Република Албанија, Еди Рама, разговаравме, меѓу другото, за потребата од целосно отворање на косовско-албанската граница и создавање албански простор без граници, под евроатлантскиот чадор. На оваа средба ја покренавме потребата да ги корегираме историските неправди со обединување на албанскиот фактор околу сензибилизирање на правото за припојување на Прешево, Медвеѓа и Бујановац со територијата на Република Косово, напиша Тачи.
Тачи претходно се сретна со албанскиот претседател Илир Мета, а според медумите ќе се сретне и со високата претставничка за надворешна и безбедносна политика на ЕУ, Федерика Могерини.
Ново на Сител
-
УКРО: Сите пациенти добиваат терапија, достапни се лековите за третман на онколошки заболувања
-
Јанев: Полицијата е првата линија на одбрана на сообраќајната култура
-
За 5.1 проценти зголемен прометот во Трговија на мало со непрехранбени продукти, освен гориво
-
Земјотрес со јачина од 4,6 степени го погоди Неапол и околината
-
Лани евидентирани 757 дивоградби, речиси сите се во приватна сопственост
-
Конзулатот е во комуникација со семејството на починатото девојче во Италија, велат од МНР
-
Во Милан очекуваат ветеранот Лука Модриќ да има лидерска улога во тимот
-
Николоски: Планина поместивме да го изгрaдиме експресниот пат од Фариш до Дреново