Рама го обвини Мета дека „додава бензин на огнот“ и му порача дека избори на 30 јуни ќе има

Албанскиот премиер Еди Рама од собраниската говорница на денешата пленарна седница го обвини претседателот Илир Мета за неговите постапки, велејќи дека „додава бензин на огнот“.
Тој порача дека и покрај се изборите на 30 јуни ќе се одржат.
– На 30 јуни ќе биде изборен ден, сакале или не оние кои додаваат бензин на огнот или оние кои го следат огнот. Како и да е, она што ни припаѓа нам на сите кои се на вистинскиот пат, е да бидеме решителни и воздржани. За жал, ова е, исто така, резултат на скандалозно вклучување на оној кој и денес е во канцеларијата на претседателот, но кој го изгуби правото да остане во таа канцеларија со додавање бензин на оганот, обвини Рама.
Тој посочи дека пред два дена добиле информации дека луѓе кои можат лесно да се идентфикуваат, а се поврзани со четворката (Мета, Баша, Круемади, Бериша) која силно се спротивстави на изборите и на Европа, комуницирале со некои луѓе во затворите, барајќи од нив „да преземат дел од нивната измислена револуција“.
Зачудувачки, додаде Рама, веднаш по оваа информација претседателот испрати писмо до Затворската управа со загриженост за ситуацијата во затворите и дали се преземени сите потребни мерки за безбедност во истите.
– Доколку претседателот навистина беше заинтересиран за ситуацијата во затворите, најмалку што требаше да направи е писмото да не го објавува и да не го испраќа на погрешна адреса. Ако се чувствува како врховен командант, тогаш за информации за сотојбата во затворите требаше да се обрати до ресорните министри. Директорите не се номенклатура на претседателот, рече Рама.
Мета упати писмо до затворската управа со барање да биде информиран за состојбата во албанските затвори и дали се преземени потребните мерки кои гарантираат безбедост во истите. На тоа од управата доби одговор дека во затворите состојба е нормална и оти сите стандардни мерки редовно се спроведуваат.
Ново на Сител
-

Славески: Подготвени сме да одговориме на ризиците и да ја зачуваме финансиската стабилност
-

Мицкоски: Никогаш нема да поддржам повеќејазичност во правосудството
-

Унгарската „Електробус - Икарус" и австриската ЕВН ги исполниле условите за набавка на автобуси и полначи
-

Масар Омерагиќ на Конгрес на FIFA во Ванкувер
-

Спремни за спектакл: Македонските кикбоксери јуришаат на „ВАКО Европскиот куп Вараждин Опен 26“
-

Полицаец од Битола возел со 1,51 промили алкохол во крвта и направил сообраќајка
-

Димитровски: Бугарите ќе станат дел од Уставот во оној момент кога од другата страна ќе видиме подадена рака по неколку основи
-

ЈСП Скопје: Претстојниов продолжен викенд автобусите ќе сообраќаат по неделен возен ред
