Рама бара од Европа да изработи план за борба против тероризмот

Албанскиот премиер Еди Рама смета дека Европа би требало да изработи заеднички план во борбата против тероризмот и нагласи дека во спротивно би можеле да се повторат нападите како тој во Брисел, јави АТА.
Рама во телевизиско обраќање изјави дека Европа мора да заземе цврст став против антиевропската политика.
Тој рече дека не може да сфати како личност, по која се трага во Франција има чисто полициско досие во Брисел. Рама смета дека во врска со таквите случаи е потребна поголема соработка.
- Станува збор за пропусти на Европа, која би требало да изгради разузнавачки систем, со кој би се спречило мозокот на она што се случи во Франција да ги премине границите и на крајот да биде фатен во Брисел. Оваа личност има кривично досие во една земја, а испаѓа дека е чиста во друга. Потребен е колективен безбедносен и одбранбен систем, смета Рама.
Ново на Сител
-

Србите го слават Свети Сава
-

Тема на денот со Моника Зајкова, претседателка на ЛДП
-

Преглед на вестите од светот
-

Не 7 дена, ќе седиме тука додека не се реши проблемот, велат транспортерите кои ги блокираат границите
-

Што треба да поседува новиот државен јавен обвинител?
-

Собранието утре гласа за нови членови на КЗСД - граѓанскиот сектор обвинува за партизација на институцијата
-

Мицкоски до Ахмети за тет-а-тет средба - ќе се видиме, некогаш!
-

СДСМ: Жена му на газдата имала заедничка фирма со татко му на Нелоски
